На иста адреса

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРВОТО МАКЕДОНСКО МУЗИЧКО РЕАЛНО ШОУ “НА ИСТА АДРЕСА“: АЛМИР ИСМАИЛИ

Од денес започнуваме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.
Македонија повторно докажа дека и тоа како има со што да се гордее, а уште еден пример за тоа е учесникот на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“, Алмир Исмаили – човекот со одлични вокални способности.
Македонецот кој дефинитивно ќе го гледаме и до самото финале на натпреварот е 28-годишниот Алмир Исмаили од Скопје.
Исмаили работи како оператор во фирма за антивирусни програми, тренира карате, а сега не за прв пат докажа дека има огромен талент за музика.
Во моментов Алмир е дел од дванаесетте учесници на шоуто “На иста адреса“, дел од низата на Македонци кои и годинава ќе покажат дека нашата земја располага со огромен музички талент.
Во неделата, кога се случи официјалниот старт на шоуто со претставување на учесниците, Алмир на сцената буквално растури со неговиот емотивен и самоуверен настап, со што ја воодушеви македонската јавност, судејќи по коментарите на социјалните медиуми.

Талентот за музика го наследил од своите родители. Сепак, се почна со една голема личност во мојот живот, а тоа е Тоше Проески. Тој ми беше идол и поради него почнав да пеам – открива тој.
За себе вели дека е позитивен, среќен и речиси секогаш насмеан, а и самиот се обидува да биде забавен. За љубовниот статус не сака да коментира.
Доколку сакате да дознаете повеќе за Алмир и останатите учесници на Првото Македонско Реално Музичко Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

300

500

Напиши коментар