← НАЗАД НА БОЗА

3 совети како да се справите со мигрена

3 совети како да се справите со мигрена
425 Читања

Според неодамнешната студија спроведена на Харвард на повеќе од 5000 жени, доколку имате наследни генетски мутации, ризикот за добивање мигрена ви се зголемува за 15%. Доколку веќе имате лоши главоболки, можеби е добро да:

1. Посетите специјалист за главоболки. Тој ќе открие дали всушност имате мигрена и ќе ви препише лекови кои можат да ви помогнат.

2. Го прашате вашиот доктор за додатоци со магнезиум. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои земаат 600 мг магнезиум на ден поретко имаат напади на мигрена.

3. Водите дневник за главоболки за да можете да го одредите причинителот. Кога и да имате главоболка, забележете на пример што сте јаделе и други можни предизвикувачи, како стрес или недостаток на сон.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk