Motherhood

3 типа на луѓе кои треба да ги чувате покрај себе

Во нашите животи влегуваат и излегуваат многу луѓе. Некои од нив поставуваат препреки на нашиот пат до успехот, додека други се тука да ни дадат поддршка секогаш кога ни е потребно. Кој од нив навистина вреди да ги задржиме?

Тип 1: Ментор

Може да биде роднина, пријател или професор кој најчесто е постар од вас и секогаш се наоѓа при рака кога е потребно. Неговото односно нејзиното животно искуство е она што го прави менторот особено важен за вас. Тоа е личноста која може да ве насочи и да ви додели совет кога ви треба или пак едноставно да ве сослуша кога ви е тешко. Доколку немате ваква личност во вашиот живот можеби е вистинското време да ја пронајдете.

Тип 2: Сродна душа

Спротивно на верувањата дека сродната душа секогаш треба да биде од спротивниот пол, во пракса истата може да ја најдете и во некоја блиска пријателка или колешка, колега и слично. Со оваа личност имате многу сличности, сакате исти нешта, а понекогаш се разбирате без зборови. На некој начин, таа/тој е ваша копија со која може да водите интересни разговори за се` што ве интересира.

Тип 3: Спротивна личност

Ова е личност која има сосема поинакви размислувања од оние вашите. Поради ваквите карактери на луѓе учите како да бидете подобар човек бидејќи ве извлекуваат од вашата сигурна зона и ве мотивираат да ги разгледате и другите опции. Не ретко тие се тука за да го тестираат вашето трпение, да ви покажат како да ги држете нештата во баланс и да ве натераат да сфатите дека понекогаш во животот компромисите едноставно се неопходни.

Write A Comment