Тестенини без глутен
Бенефит за здравје.
Целијакија – осетливост на глутен во храната е болест која е во голема експанзија. Единствен лек за оваа болест е потполно отстранување од исхраната на намирници со глутен.
Добро оде со било кој сос кој ви е дозволен според режимот. Во понудата на безглутенска храна има неколку врсти на сосови од маслинки и печурки.
Интегрални тестенини
Бенефит за здравје
Намирниците од целосни зрна помагаат за телото да се бори против процесот на запаление, кои се тесно поврзани со кардиоваскуларните заболувања и дијабетес, според најновите студии на Journal of Nutrition.
Добро иде со сосови од месо. Интегралните тестенини имаат посебен вкус кој потсетува на орасни плодови што добро се вклопуваат за богати сосови. Исто така можете да го нагласите вкусот со комбинирање на путер, црн бибер и пармезан.
Совет за готвење – Обратете внимание на тоа дека е неопходно вакви тестенини мораат да бидат добро извриени. Во упатствата на кутијата често го подценуваме колку време е потребно за тестенините вистински да се сварат. За права мекост, може ќе бидат доволно дури и 10 минути отколку што пишува на кутијата.
Тестенини од ориз
Бенефит за здравје
Имаат мал процент на масти и голема содржина на јагленихидрати, така што на телото обезбедува доволно енергија. Исто така, овие тестенини се добри благодарение на интегралниот кафен ориз кој е исто добар извор на аминокиселини.
Добро идат кога ќе се искомбинираат со разни сосови, во салати но на јапонски начин – во тамари сос со васаби.
