Студиите спроведени од Универзитетот во Калифорнија, покажуваат дека триесеттите години се најдобри за проширување на семејството…
Во истражувањето учествувале преку стотина луѓе, кои се во брак и имаат деца, од кои 80% жени и 70% мажи се изјасниле дека најдобар период за прво дете е периодот помеѓу 30 и 35 години. Испитаниците кажале дека токму тие се годините најдобри за родителство и кога би можеле да бираат би се одлучиле токму за тој период.
Како причина за овој став, повеќето ја навеле поголемата емоционална подготвеност, благодарение на која, подоцна, во четириесеттите, кога децата ќе пораснат, можат да имаат поквалитетен однос и комуникација со нив.
Испитаниците кажуваат и дека ставот на околината дека луѓето во триесеттите години се престари за дете и тоа како е погрешен, бидејќи голем број луѓе кои добиваат деца во дваесеттите години или порано, немаат соодветна основа за засовање семејство, бидејќи сеуште немаат развиена кариера и финансиска сигурност, но и емотивна зрелост, која е неопходна за правилно воспитување на децата…
