Еве неколку трикови со кои вашата фризура ќе биде средена и кога ќе ја тргнете капата!
Средства за волумен
За да и додадете волумен на вашата коса користете пена или спреј кои ќе ги нанесете на коренот на измиена коса, а потоа ќе ја исушите со фен.
Нанесувањето на средствата правете го со кружни масирачки движења на темето на главата. Кога ќе ја извадите капата доволно ќе биде да ја поминете косата со прсти.
Променете го патецот
За да го задржите природниот волумен на косата, пред да ја ставите капата, променете го патецот на вашата коса. Кога ќе ја извадите капата вратете го патецот во стариот правец и вашата коса ќе остане обликувана како и пред да ја ставите капата.
Справете се со електрицитетот
Кога ќе ја тргнте капата секогаш имајте при рака спреј-регенератор за коса кој не се измива.
Во случај да немате, поминете ги рацете со влажно марамче, а потоа поминете со прстите низ косата што ќе го спречи електризирањето на влакната предизвикано од волнениот материјал на вашата капа.
Најпрактична фризура
За вашата зимска појава со капа, најпрактична фризура е плетенката на страна, без разлика дали е внатрешна или надворешна.
Направете плетенка која лабаво ќе ја врзете со ластиче и ќе ја префрлите на едната страна. Оставете неколку прамени слободно да паѓаат околу лицето.



