Motherhood

40 работи на кои треба да ја научите својата ќерка

Секој родител знае дека воспитувањето на децата не е нималку лесно, особено во денешно време. Еве што некои мајки мислат дека секоја од вас би требало да ја научи својата ќерка.

1. Најубава работа која треба да ја правиш е да се смееш.
2. Слушај музички жанр кој ти се допаѓа. Не дозволувај некој да ти каже
„тоа не е музика“.
3. Нормално е да сметаш и дека другите девојки се убави.

4. Пронајди искрени пријатели кои секогаш ќе бидат тука за тебе.
5. Не му дозволувај на ниту еден маж да те убеди дека е помоќен од тебе и да те промени.
6. Биди сестрана.

7. Биди свесна дека животот поеднакво е забавен и убав како твојот профил на Инстаграм.
8. Немој да се смееш ако навистина не ти е смешно.
9. Не ги дели луѓето по националност, раса, сексуално определување. Сите луѓе се еднакви.
10. Можеш да биде најдобра каде и да си.
11. Твојот успех не е мој успех. Твој е и само твој.
12. Носи високи потпетици иако си висока.
13. Измиј се секој пат пред да одиш
на спиење.
14. Замисли желба кога ќе ти падне трепка.

15. Биди страсна.
16. Биди толку страсна луѓето да помислат дека си малку луда.

17. Немој да бидеш премногу слаба.
18. Не му дозволувај на никого да те убеди дека нешто е глупост ако ти сметаш дека е исправно.
19. Не се облекувај онака како што дизајнерите велат дека треба да се облекуваш, туку онака како што ти сакаш.
20. Луѓето не се делат по годините, изгледот и висината.
21. Средното училиште не е најдобро време во твојот живот, туку факултетот.
22. Биди дама.
23. Играј во својата соба со слушалките на ушите.
24. Не биди наивна.
25. Држи ја главата горе.

26. Верувај во магијата.
27. Немој да се каеш поради времето кога си била тажна. Како тогаш би го почитувала времето кога си среќна?
28. Биди искрена.

29. Буди се рано.
30. Не дозволувај другите да те попречуваат во сопствените намери.
31. Биди опкружена со позитивни, прекрасни луѓе.
32. Запомни дека не можат сите да го имаат истото мислење како ти.
33. Горчливата вистина е секогаш подобра од слатките лаги.
34. Секогаш кажувај ми „те сакам“ пред да излезеш.
35. Смеј се.
36. Пронајди го она најдоброто во секого.
37. Не дозволувај стравот да те спречи да го правиш она што го сакаш.
38. Верувај во ангели чувари.
39. Не се споредувај со другите.
40. Запознај некого кој ќе те засмејува до солзи и задржи го покрај себе.

Write A Comment