Убавина

5 Чекори до совршени трепки

За беспрекорен изглед на вашите трепки, понекогаш не е доволно само да нанесете маскара, треба да се погрижите  тие да не се залепат и да немаат грудвички.

Скапите маскари не се секогш и најдобри

Изборот на маскарата е подеднакво важен како и самата технологија на нанесување. Најскапата маскара не гарантира дека дека ке добиете совршен изглед на трпките. Доколку имате кратки трепки, изберете маскара која ке ги продолжи, а доколку се ретки, тогаш ви е потребна маскара која го зголемува волуменот. Доколку сте задоволни и сакате само да ги нагласите, тогаш за вас идеална е маскарата за дефиниција.

Идеална боја за вас

Доколку со години користите исклучително црна маскара, размислете за други бои со кој вашите трепки ке изгледаат поефектно. При изборот на бојата на маскарата, пресудна е бојата на очите. Доколку имате зелени очи, изберете виолетова или зелена, доколку се плави или сиви, трепките истакнете ги со кафена или плава боја, а доколку имате кафени очи, одлично ќе ви прилега плава, зелена или кафена маскара.

Завитканите се поубави

Доколку сакате очите да изгледаат покрупни, а трепките подолги, пред нанесувањето на маскарата, трепките завиткајте ги со механичен или елекричен виткач.

Не претерувајте со маскарата

При нанесувањето на маскарата најважно е да не претерате. Со неколку вешти потези нанесете само еден слој. Доколку не сте задоволни, вториот слој нанесете го дури откако првиот ке се осуши. Не заборавајте да ги премачкате и кратките влакненца во аголот на очите.

Размрсете ги

Немојте да  пробувате залепените трепки да ги раздвојувате со прсти. Употребете специјален чешел или сува четкичка.

Напиши коментар