← НАЗАД НА БОЗА

5 начини како да се откажете “најлесно” од пушењто!

5 начини како да се откажете “најлесно” од пушењто!
2345 Читања

Секој ден слушаме и читаме колку цигарите се штетни за нашето здравје. Сепак, според статистиката, во Македонија има многу поголем број на пушачи во споредба со останатите европски земји. Затоа, ви претставуваме план во 5 чекори кој ќе ви помогне полесно да се откажете од пушењето.

Припремете се:

Направете детална листа зошто сакате да се откажете од пушењето

Водете дневник за тоа кога сте запалиле цигара и што ве натерало

Истражете какви можности постојат во вашето место на живеење кои можат да ви помогнат во откажувањето од цигарите

Зацртајте си дата кога конечно ќе ги оставите цигарите засекогаш

Побарајте помош:

Побарајте совет од вашиот лекар

Приклучете се на некоја програма за одвикнување од пушење

Вклучете се на некоја онлајн група за поддршка (ги има многу)

Разговарајте со семејството и пријателите и кажете им каква поддршка очекувате од нив

Водете дневник за искуството што го поминувате додека се одвикнувате

Направете стратегија:

Запишете се на јога и медитирајте

Почнете да вежбате

Разговарајте со психолог или психијатар

Истражете какви производи постојат кои ќе го заменат никотинот

Разговарајте со вашиот лекар да ви препише некои лекарства кои ќе ви помогнат

Истажете ги сите лекарства кои можат да ви помогнат

Истражете ги симптомите на откажување

Спречете се себеси кога имате желба да запалите цигара

Научете како да се справите со желбата да запалите цигара. Ваквата потреба обично трае само околу 3 минути

Погрижете се првите неколку дена да бидете „зафатени“ со секакви активности

Кога ќе имате потреба да запалите цигара, вдишувајте длабоко додека не помине

Кога ќе помислите на цигара, зборувајте со некого или пешачете

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат. Запомнете, дури и ако не успеете „од прва“, не се откажувајте!!!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk