Поставување свеќи во спалната соба не е задолжителна обврска, но изборот на вистинската миризба за вашиот мал храм, тоа е веќе потешка задача. Затоа сме ние тука, да ви ги претставиме 5-те најдобри ароми со кои сигурно нема да згрешите.
- Дрво
Ако се прашувате зошто баш дрво, одговорот е едноставен: бидејќи мириса на природа, мир, црцорење на птици, подолг одмор или само викенд, далеку од луѓето, мејловите и напнатоста.
- Камилица
Веќе доволно знаете за придобивките од чајот од камилица. Ако чувствувате мачнина, свеќа со миризба на камилица би можела да ви помогне. Запалете ја свеќата еден час пред спиење, тоа ќе ви биде најдоброто спиење досега.
- Лаванда
Една од најомилените миризби, која научно докажано ги прочистува телото и умот. Исто така, мирисот на лаванда ја успорува активноста на нервниот систем, и според тоа помага подобро да се справите со стресот.
- Ружа
Покрај тоа што овој мирис е доста пријатен, тој има неверојатна способност да ви помогне да ја зајакнете вашата меморија. Миризливата свеќа од ружа ќе ви помогне подобро да завршите некоја задача или побрзо да да гонаучите материјалот за испит.
- Јасмин
Последен на листата, но не и помалку важен, мирисот на јасмин ќе ви посака најдобро добредојде во домот по долгиот и напоред ден на работа.
