Дестинации

5 причини да ја посетите Прага во есен

Можеби летото е периодот кога туризмот го доживува својот врв, но за Прага есента е вистинското време за посета. Прекрасната архитектура на Прага блеска под нежното есенско сонце, а на улиците буквално можете да ја видите историјата на градот која оди стотици години наназад.

Архитектурата на Прага

Во есен најдобро ќе можете да ја разгледате прекрасната архитектура на Прага. На влезот во стариот град најпрво ќе наидете на Карловиот мост, на кој од двете страни се нижат статуи и додека одите по него ќе имате одличен поглед на замокот Прашки град. Имено, тој не е само обичен замок изграден одеднаш, туку колекција на структури градени во периодот од 10-тиот до 20 век, така што ги содржи речиси сите архитектонски правци од минатиот милениум. Таму ќе ја најдете готската катедрала Св. Вита, ренесансната базилика Св. Ѓоргија, старата кралска палата, неколку музеи и Националната галерија на Прага.

Можете да го посетите и Еврејското маало, кое датира од 12-тиот век, како и Еврејските гробишта каде што се наоѓа гробот на Франц Кафка. А никако не пропуштајте го астрономскиот часовник, кој со специјален механизам и бројчаник ги покажува положбите на сонцето, месечината, знаците од зодијакот и планетите.

Звукот на Прага

Без разлика дали сте љубители на класичната или на современата музика, Прага има што да понуди. Во Прашката опера можете да видите што значи вистинска музичка екстраваганца, а Чешката филхармонија и Прашкиот Ставовске Дивалдо е далеку познат по операта Дон Џовани на Моцарт, која е на репертоарот од октомври 1787.

Доколку сакате модерна музика, во текот на ноември се одржува Агха РТА џез-фестивалот. Секако, низ градот има и безброј мали кафилуња каде што можете да пиете евтино пиво и да се забавувате. Посетете го хип-хоп клубот Миш Маш, опуштениот клуб Ваката, каде што ќе можете да чуете сè од даб, амбиент, реге, па до фанк или пак, доколку сакате друм’н’бас отиде во Кросклуб.

Есенските прошетки

Во есен лисјата на дрвјата во градот добиваат бакарно-портокалова боја, така што слободно можете да ја наречете „Златната Прага“. Посетете некој од градските паркови како Петрин Парк, кој се наоѓа на највисокиот рид на градот или пак Летна Парк, кој има поглед на источниот дел од градот и реката Волтава.

Храната во Прага

Традиционалната чешка храна е исклучително богата и тешка, можеби во лето не е добра идеја, но во есен топол и богат оброк секако добро ќе ви дојде. Никако не одете си пред да пробате како главно јадење Вепро кнедло зело или Ризек, традиционални палачинки или овошни кнедли за десерт и секако турско кафе по сета таа храна.

Пијалакот во Прага

Сите сме чуле за легендарното чешко пиво, но секоја есен виното го краде тронот кога станува збор за пијалаци. Посетете ја Ботаничката градина и пробајте Бурчак – делумно ферментирано вино кое се продава само од септември до ноември и наздравете.

 

 

Напиши коментар