Motherhood

5 знаци дека вашето дете има недостаток на самодоверба

Без сигурност во себе тешко е да се создаде среќен и продуктивен живот, а развојот на самодовербата започнува уште во најраните години од животот, затоа е многу важно родителите правовремено да реагираат доколку ги препознаат следниве знаци…

Токму поради тоа задача на секој родител е да препознае кога на неговото дете му е потребна поддршка и кога е потребно да му ја поврати разнишаната самодоверба.Мајките и татковците често мислат дека со пофалбите на своите деца ја поттикнуваат нивната самодоверба, но понекогаш тоа не е доволно. Често, колку и родителите да се трудат да ги поддржуваат своите деца во сето тоа што го прават, да ги бодрат или развеселуваат, сепак тие во некои моменти ќе се чувствуваат несигурно.

Еве пет сигурни знаци кога навистина треба нешто да превземете:

Детето не може да прифати ниту критика ниту пофалба

Дури и конструктивните критики може лошо да влијаат врз дете кое не е сигурно во себе, но не е ништо подобро ниту со пофалбите. Децата кои имаат мала самодоверба не се во состојба да прифатат комплимент, бидејќи тие може да мислат дека тоа не е вистина. На пофалбите најчесто реагираат со несогласување, вртење на главата или превртување со очите (во некои ситуации и сите три).

Детето го избегнува секој предизвик

Дали вашето дете ги избегнува задачите без дури и да се обиде да ги реши? Дали се откажува од нешто веднаш откако ќе ја почувствува првата пречка? Ова најчесто укажува на страв од неуспех, што пак произлегува од несигурност и ниско ниво на самодоверба.

Детето не се дружи со своите врсници

Иако друштвеноста не е карактеристина на секое дете, срамежливоста може да биде знак за некој поголем проблем. Доколку детето го избегнува дружењето со своите врсници, тоа може да значи дека се грижи за тоа што другите ќе кажат или ќе направат во врска со било што. Оваа особина, исто така, може да се појави од никаде, така да обрнете внимание на тоа дали вашето дете помалку се дружи со пријателите или можеби повеќе не ужива во активностите кои некогаш ги сакало.

Детето е самокритично

Понекогаш родителите може да забележат како нивното дете е самокритично, но често може да се случи родителите тоа и да не го забележат. Иако негативноста најчесто е изразена во тинејџерските години, малите деца, исто така, се подложни на низок степен на самодоверба. Ако вашето дете најчесто слуша лоши коментари за својот изглед, интелегенција или личност, време е да го пофалите.

Детето ги малтретира своите врсници

Често за насилниците се смете дека “пукаат” од самодоверба. На крајот, тие одат со високо крената глава и не ги интересира што другите луѓе мислат. Меѓутоа, поголемиот дел од нив така се однесуваат поради тоа што сакаат да ја сокријат својата несигурност и малото ниво на самодоверба.

Write A Comment