Sweet Home

6 најчести грешки при осветлување на домот

Осветлувањето на прв поглед се чини како лесна работа: приклучете го светлото, кликнете на копчето и voilà! Но, одредени грешки при осветлувањето можат да предизвикаат една комфорна соба да биде непријатна.

Осветлување во слоеви

Лесно е да ставите редица светилки на таван, но оваа стратегија не е најпаметна. Многу од домаќинствата имаат тенденција да го осветлуваат домот како за конвенција – премногу светла во горниот дел од собата. Ваквото осветлување понекогаш не е доволно. Ако ги изоставите подните светла и ламбите за на маса, читањето книги во таа просторија може да ви предизвика тегоби. Лустерите на таванот се супер кога сакате да организирате голема забава, но малите светилки за на маса се погодни за поинтимна атмосфера. Исто така, акцентираните светла за нагласување слики или ѕидови можат да додадат луксуз во секоја просторија.

Придушено светло

Светлата кои се темпираат се есенцијални за секој дом. Тие ви дозволуваат да го контролирате светлото навечер и преку ден, за одредени настани и според вашето расположение.

Не заборавајте на сенките

Ако поставите светло на погрешно место, можете да создадете само проблем а не решение. Во бањата, ставете светла од двете страни на огледалото, не само на горниот дел затоа што така сенките ќе паѓаат на вашето лице. На работните маси неизбежни се мали столни ламби.

Погрешни големини

Премногу мал лустер над голема трпезариска маса, или голем лустер над мало масиче е сосема диспропорционално. За трпезаријата одберете лустер кој е најмалку 30цм. повисоко од широчината на масата за јадење.

Позиционирање на светлото

Лустерот во трпезаријата треба да биде одделен од подот околу 170цм, а светлото во кујната треба да биде позиционирано 90цм. над работната маса.

Бојата на ѕидовите

Без разлика колку светилки ќе ставите во една соба, нема да ја добиете потребната светлина ако ѕидовите се премногу темни, затоа обојте ги ѕидовите во светли бои.

Write A Comment