Да се чувствувате лошо и да ви се повраќа е многу непријатен начин да се започне со бременоста. Најверојатно имате и тешкотии со јадењето. Повеќето од жените имаат утринска мачнина сè додека не поминат првите 12 недели од бременоста, потоа нивоата на хормони почнуваат да се стабилизираат. Ако бремената мајка повраќапостојано, треба да се обрати кај својот педијатар, но ако се работи за утринска мачнина, еве неколку начини како да се чувствувате подобро:
Поразговарајте со вашиот доктор, да ве посоветува за некој лек кој во својот состав има калциум, фолна киселина, Б6 и Б12 витамини. Овие два витамини помагаат мајката да се чувствува подобро, а калциумот и фолната киселина се двете неопходни нутритивни супстанции за вашето бебе.
Обидете се да консумирате ѓумбир, тој веднаш ќе го смири стомакот
Помешајте вода со сок. Обичната вода е безвкусна, а сокот е премногу благ за да го консумирате додека ви е лошо. Ако ги консумирате посебно, може да предизвикаат мачнина и повраќање, па затоа наполнете ја чашата до половина со сок, а остатокот со вода и пијте голтка по голтка, или ако не можете така, лажичка по лажичка. Употребувајте проѕирни сокови, како што се сокот од јаболко, сокот од грозје или брусница.
Останете хидрирани. Освен тоа што треба да пиете повеќе вода, пробајте лубеница или некое друго овошје полно со вода, замрзнат сок (сладолед), па дури и желе
Јадете често, но во многу мали порции. Големите оброци на празен желудник имаат тенденција „да се вратат повторно назад“.
