Научете како правилно да ги бричите нозете за тие да бидат мазни, нежни и без црвенило.
Ги бричите нозете веднаш откако ќе влезете под туш
Експертите препорачуваат да ги држите нозете во топла вода 15 минути пред да почнете со бричење. Топлата вода ќе ги омекне влакната и ќе ги отвори порите. Додека пак, ако предолго ви стојат нозете во топла вода, ќе се појават брчки на кожата и нема да можете целосно да ги отстраните влакната.
Се бричите наутро
Ако се бричите навечер, вашите нозе ќе бидат помазни, бидејќи за време на спиењето нозете малку отекуваат и влакната се враќаат назад во своите фоликули.
Не користите пена за бричење или уште полошо користите сапун
Без разлика колку брзате, немојте никогаш да се бричите на суво. Намачкајте ги нозете со навлажнувачки крем за бричење, за да може бричот полесно да минува преку кожата. На овој начин ќе избегнете иритации и исеченици на кожата. Ако немате крем за бричење, можете да нанесете кондиционер за коса.
Користите бричеви за една употреба
Во ред е да користите бричеви за една употреба од време на време, на пример ако престојувате во хотел, но за секојдневна употреба користете квалитетен брич кој можете да го употребите четири до пет пат. Овие бричеви даваат понежни и мазни резултати.
Не го менувате доволно често бричот
Иако сте си купиле квалитетен брич, тој нема да има никаков ефект ако не ги менувате патроните кога ќе забележите дека стануваат тапи. Старите бричеви не само што се не ефективни, тие може да предизвикаат црвенило и исто така да ви пренесат бактерии кои предизвикуваат инфекции.
Се бричите спротивно од правецот на растење на влакната
Секако бричењето на овој начин е полесно, бидејќи со само едно поминување на бричот врз кожата, влакната веќе ги нема. Но треба да знаете дека на овој начин ја иритирате кожата и лесно можете да се исечете. Бричете се во правецот на растење на влакната. Ако не сте ги отстраниле сите влакна по првото поминување, поминете два пати.
Користите бричеви наменети за мажи
Постојат бричеви наменети за мажи и бричеви наменети за жени. Оние кои што се за мажи се поостри, бидејќи влакната на мажите се поцврсти. Користете бричеви за жени за да немате црвенило и исекотини по бричењето.
