Motherhood

8 намирници против болка од растење на запчиња

Растењето заби кај децата е една од најболните фази во нивниот живот. Просечна возраст за појава на првите запчиња кај детето е шест месеци, иако тоа е различно кај секое дете. Во текот на овој период, децата се постојано нервозни, а некои родители не знаат на кој начин да им помогнат за да им ја ублажат болката. Ако и вие не знаете, тоа можете да го направите со помош на некои намирници. 

Краставица

Краставицата е една од најдобрите намирници за детето на кое почнуваат да му растат запчиња. Краставицата помага за ублажување на болките во непцата.

Банана

Бананите се одлични за вашето бебе кога му растат запчиња. Тоа е исто така здраво овошје бидејќи содржи три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза во комбинација со влакна. Бананите се и добар извор на енергија за вашето дете.

Авокадо

Вашето дете нека јаде авокадо за да се ослободи од болката при растење на забите. Џвакањето е здраво за него бидејќи така ќе добие многу витамин А и калциум.

Праска

Ова сезонско овошје е здраво за вашето дете бидејќи содржи големо количество калциум. Освен тоа, ја ублажува болката при вадењето запчиња.

Пилешко месо

Децата го сакаат вкусот на пилешко месо. Исечканото пилеко е најдобра храна за бебињата кога им растат запчињата. Радоста при џвакањето пилешко ќе им помогне да ја ублажат болката во непцата.

Леќа

Најдобрата храна што можете да му ја дадете на вашето бебе кога му растат запчиња е варената леќа. Таа помага во намалување на болките во непцата.

Морков

Морковот може да направи чудо за вашето бебе кога се работи за болка при растење на заби. Бебињата исто така го сакаат вкусот на морков.

Сирење

Исечете неколку парчиња сирење и дајте му на вашето дете да ги грицка. Сирењето може да помогне при ублажување на болката.

Напиши коментар