Широко распространетото оправдување на родителите дека не знаат како да го воспитаат своето дете, нема реална основа, бидејќи секој родител најпрво воспитува со своите постапки, односно примери на однесување кои децата ќе ги копираат.
Еве неколку такви примери кои ќе ви помогнат да ги процените вашите постапки со “други очи” и ќе проверите дали, можеби, сте најголем виновник за хистеричните напади на децата во продавниците.
- Се воодушевувате на нови предмети, облека, обувки – позната е реченицата на Шерон Стоун од филмот “Казино”, со која ѝ ја покажува златната нараквица на ќерката: “Погледни што ми подари твојот татко, бидејќи ме сака.”
- Се задолжувате, земате кредити и позајмувате пари за купување на работи без кои не можете.
- Прераскажувате за изгледот и гардеробата на пријателите, нивните автомобили и куќи.
Што ако детето вели: “Мамо, досадно ми е”?
- Тажни сте дека не можете да купите нешто.
- Не ги испуштате од рака мобилните телефони, таблети, разговарате со повеќе лица во исто време.
- Прославите ги претварате во вистинска шопинг акција: слави, родендени, Нова година и Божиќ се исполнети со купувања, а најмалку заедничко време.
- Организирате состаноци со вашите пријатели (и нивните деца) во шопинг центри. Дури и ако се одлучите само да поседите во некое кафуле, трговскиот центар, пред сè е место за шопинг. Ако го претворите во центар за ваш социјален живот, тогаш и купувањето ќе биде омилена забава за вашето дете.
- Во домот, телевизорот е постојано вклучен. Во тој случај, имајте предвид дека од рекламите, како директна промоција, детето ќе биде изложено и на сите други форми на поттикнување на купување – од Дизни и играчки, до тинејџерски серии во кои се промовира холивудскиот стил на живеење.
