Motherhood

Алкохолот е штетен дури и во најраната фаза од бременоста!

Конзумирање на алкохол за врме на бременоста му нанесува штета на бебето на многу начини па така, на пример, може, да предизвика потешкотии во учењето и разни телесни аномалии.

Меѓутоа, точниот механизам на кој алкохолот  пречи во бременоста сеуште не е познат во целост. Затоа, финските научници во најновото истражување кое го спровеле врз глувци ги испитале епигенетските промени кои ја следат изложеноста на алкохол во текот на бременоста

Најмногу било испитувано влијанието на хипокампусот, дел од мозокот кој е вклучен во процесот на паметење и учење, а е многу чувствителен на алкохол.  При што биле утврдени негативни промени во функциите на гените.

Слично влијание  се покажало и во функцијата не гените во коскената срж. Истражувачите заклучиле дека конзумирањето алкохол може да предизвика трајни негативни епигенетски промени уште од најрана бременост. Опасност постои уште во првите три до четири седмици од зачнувањето. Тоа е период кога многу жени сеуште не се ни свесни дека се бремени.

Write A Comment