Потребни состојки:
– 250 гр бадеми
– 250 гр шеќер
– кесичка ванилин шеќер
– 2 лажици џем од кајсии
– 150 гр бела чоколада
– 50 гр маргарин
– 50 гр чоколада
Подготовка:
Обарете ги бадемите, излупете ги и смелете ги. Сварете густ сируп од шеќерот и шолја вода, па додајте ги бадемите и ванилиниот шеќер. Измешајте ја убаво смесата и ставете ја на еден сад и убаво израмнете. Одозгора премачкајте со џемот од кајсии.
Истопете ја белата чоколада со 40 гр маргарин на пареа и прелијте одозгора. Истопете ја црната чоколада со преостанатиот маргарин и со неа направете декорација сипувајќи ја во тенок млаз. Ставете го колачот во фрижидер, па кога добро ќе се излади исечете го на коцки.
