Најудобни, се најпрактични и Ве прават да се чувствувате како вистинска принцеза…
Доколку не сакате да бидете роб на високите потпетици, балетанките се тука за Вас и оваа Пролет, со уште попримамлив изглед…
Нежните панделки, слатките бои и женствените детали ги прават овие обувки вистинска магија за чекорење, потребна за секоја девојка и жена. Во исто време се и гламурозни и претставуваат есенцијално парче, за комплетно совршен изглед. Без разлика на стилот кој што го преферирате, оваа сезона, се актуелни пред сé мултифункционални балетанки, кои ќе бидат соодветни и за Вашето работно место и за Вашите прошетки…
Изборот е преголем, го оставаме на Вас…













