Мојата кујна

Банани во чоколадо

Денес ќе ви представиме еден вкусен и лесен десерт кој не бара никакви кулинарски вештини. За најдобар и балансиран вкус подобро изберете чоколадо со околу 50% содржина на какао.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 банани
  • 100гр чоколадо
  • 1 чаша печени кикирики

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете ги бананите на 4 парчиња. Растопете го чоколадото на пареа. Измелете ги кикириките, но не многу ситно. Ставете ги исечените банани на дрвени стапчиња и потопете ги во чоколадото. Потоа тркалајте ги во кикириките. Ставете ги во чинија, па во фрижидер.

 

Write A Comment