Мојата кујна

Батачиња на шпански начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1,5 кг батаци

* 400 мл пилешка супа

* главица црвен и бел кромид

* лук

* 10 гр ѓумбир

* 20 гр брашно

* сецкан магдонос

* сусам

* сецкани лути пиперчиња

* шафран

* маслиново масло

* мешан зачин и сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги батаците. Во тава ставете две лажици масло и маслиново масло. Ставете ги батаците и пржете ги 15 минути од сите страни. Додајте ги исецканиот кромид, лути пиперчиња и лук. Ставете ги сите зачини и промешајте. Налејте ја супата и поклопете го садот. Оставете нека се вари на тивок оган. По 30 минути извадете ги батаците и послужете ги.

Write A Comment