Motherhood

Бебешка кутија со спомени

Прамен од косата, запче, цртеж … Ова се само дел од работите кои родителите ги чуваат во бебешка кутија за спомени.

  • Прамен од бебешка коса. По првото потстрижување повеќето родители задржуваат прамен за сеќавање. Праменот може да го зачувате во целофан или мала кутија, а може и помеѓу два листа. Некои велат дека праменот се чува за детето да има среќа.
  • Белегзијата од раѓање. На секое бебе кога ќе се роди му ставаат белегзија со која се препознава. По заминувањето од болницата повеќето мајки ја зачувуваат оваа белегзија како спомен од првите момети со бебето.
  • Бебешки чевлички и облека. Тие се како мало уметничко дело и изгледаат како да се направени за кукли – со многу панделки, копченца и разни детали – се разбира многу шарени и весели. Секако не мора целата облека да ја сочувате, само омилените парчиња.
  • Првото паднато запче. Според најјраспростанетото суеверие, родители првото зашче на детето треба да го фрлат на покрив, за да никне бели и цврсто запче на неговото место.Некои родители пак запчето го ставаат под перницата на бебето. а додека други пак го чуваа во бебешката кутија.
  • Отпечаток од раката и ногата. Во обид да го задржат жив споменот за малото богатство, некои родители на лист хартија прават отпечаток од раката или ногата од детето кои предходно се обоени со боја. Некои само ги исцртуваат на лист хартија, но тоа може да се направи само со помалку енергичните бебиња.

Детски цртежи, фотограгии, видео сминки, дневник кој го води мајката се работи кои со задоволство се чуваат. Некои мајки дури и го чуваат позитивниот тест за бременост и фотографиите од ултразвукот.

Многу родители имаат специјална бебешка кутија, па зошто и вие да не направите една таква која еден ден ќе ве потсети за прекрасните и интересни моменти со вашето веќе пораснато бебе.

Напиши коментар