Motherhood

Бебиња што не биле доени страдаат од депресија!

Пред извесно време беше спроведена студија чија цел била да докаже дека доењето на бебето е многу важно од неколку гледни точки. Сите знаеме за неопходноста од доење и поврзувањето на мајчиното млеко со имунитетот на детето. Но денес ќе зборуваме повеќе за психолошкиот аспект од доењето – студијата покажала дека доењето е директно поврзано со појавата на депресија во подоцнежниот живот на детето.

Во истражувањето учествувале над 500 луѓе на средна возраст. Кај сите тие била дијагностицирана тешка форма на депресија и биле под терапија. И замислите, тешко е да се поверува, но 95% од вкупниот број на учесници не биле доени, или пак биле доени но не повеќе од две седмици.

Очевиден факт што не може да биде занемнарен!

Во текот на истражувањето била анализирана уште една група луѓе во чие медицинско досие нема никакви психички болести. Се покажало дека 80% од испитаниците биле доени од 5 месеци до една година.

Така експертите стигнале до закључокот дека доењето има многу важна улога за доброто психичко здравје на луѓето. Медицината пак смета дека доењето го зголемува нивото на хормонот окситоцин во организмот кој штити од стрес и депресија.

После ваквите очигледни резултати, експертите советуваат мајките задолжително да ги дојат своите деца не помалку од 6 месеци ако сакаат да обезбедат добро физичко и психичко здравје за своето дете. Не постои ништо друго што може целосно да го замени мајчиното млеко!

Напиши коментар