Еден од најневеројатните пентхауси во Мајами од скоро е ставен на продажба по цена од 19 милиони долари…
Во прашање е двособна резиденција, сместена во Bentley Bay South резиденција. Овој неверојатен стан има поглед на прекрасниот Biscayne залив и Мајами Бич, со вкупна површина од околу 800 метри квадратни. Неговиот феноменален стил има многу уникатни елементи, кои го прават идеално практичен. Има пет пространи спални соби, пет бањи, приватно џакузи на кровот и прекрасен базен, плус приватна теретана и сауна.
Но, има уште. Целиот стан е опремен со специјален систем за автоматизација на домот од Creston и Lutron компанијата, има Led осветлување. содржи и огромен простор за забава и опуштање со беспрекорен стил.


















