Ако поради здравствени причини не смеете да јадете глутен или едноставно сте поддржувач на палео диетата, тогаш мора да го пробате овој рецепт за безглуенски леб.
Потребни состојки:
2 шолји бадемово брашно
2 лажици кокосово брашно
1/4 шолја ленено брашно
1/2 лажичка сода бикарбона
5 јајца
1 лажица кокосово масло
1 лажица мед
1 лажица јаболков оцет
Во сад ставете ги брашната од бадеми, кокос, лен, сол и сода бикарбона, додадете ги јајцата, медот и оцетот и замесете тесто. Потоа, тестото ставете го во калап за леб и печете 30 минути во загреана рерна на 175 степени. Пред да го извадите лебот, оставете го 2 часа во калапот да се излади.
