Новиот тренд во светот на летните обувки се сандалчињата со беж боја. Без разлика за каков настан се работи и за која доба од денот, овие сандали совршено се комбинираат со најразлични парчиња гардероба. Одлуката е ваша, дали ќе се одлучите за рамни беж сандали, или беж сандали на штикла – со ваквите сандали вашите нозе ќе изгледаат подолги.









