Најновата колекција на Julia Kontogruni нè води во еден свет каде што владее драматичниот стил: слоевити и лелеави “опашки”, украсени со коњски влакна и чипка, грбови со експлицитни отвори украсени со Swarovski кристали и бисери. Фустаните го носат потписот на уникатниот стил на овој бугарски дизајнер, кој е романтично луксузен со акцент на исклучителни детали.










