Здраво тело

Благодатите од бавното јадење…

Кинеската поговорка вели: „ Што помалку јадете, повеќе уживате во вкусот, што повеќе јадете, толку помалку уживате “ !!!

Сепак малку луѓе јадат бавно. Оброкот би требало да трае од половина до еден час. Кога ќе се најдете во стресна и динамична ситуација а треба да јадете, сетете се дека:

1. Ќе почнете да чувствувате различни вкусови и текстури – Ако јадете побавно оброците ќе Ви станат искуствено доживување, а не натпревар со храна. Спрема храната, однесувајте се како спрема природата. Ценете ја бојата, вкусот, аромата…

2.Ги намалувате ризиците од прејадување – Потребни се 20 минути за сигналот да стигне до мозокот. Преку забавениот внес на храна, мозокот на врме ќе сфати дека телото е сито.

3.Го намалувате ризикот од тешкотии со варењето – Пребрзото конзумирање храна може да предизвика проблеми со варењето, болки во желудникот, главоболки и други здравствени проблеми. Уживајте во јадењето, без да размислувате за проблемите…

Како да јадете побавно ???

1. Јадете пред да станете премногу гладни – Ако сте премногу гладни, навистина ќе биде тешко. Најдобар начин е да не чекате и да ги јадете оброците во редовно време. Распоредете три главни и два меѓуоброка во време кое Вам ќе Ви одговара.

2.Помеѓу залаците спуштете ја вилицата – Класичен совет е да помеѓу залаците ја спуштите вилицата и убаво да ја изџвакате храната. Тоа ќе Ве успори и ќе го намали стресот.

3.Фокусирајте се на храната – Често додека јадеме, гледаме телевизија, мислиме на некои проблеми… Напротив, додека јадеме не треба да го следиме туѓото темпо туку да се фокусираме на себе и вкусот на храна кој го внесуваме.

Write A Comment