Убавина

Богато хранлива маска за лице од портокал

Подгответе ја оваа богато хранлива маска и дајте и на кожата сé што и е потребно за да биде здрава и убава. Ви требаат 5 минути за да ја подготвите и да имате убава кожа долго време.

Потребни состојки:

–      половина шолја овесни никулци

–      сок од еден портокал

–      3 лажици павлака

–      2 лажици мед

–      2 лажици сува изрендана кора од портокал

Убаво измешајте ги состојките и нанесете ги на свежо измиено лице. Оставете нека делува 15-30 минути. Потоа измијте се со млака вода.

Маската може да ја чувате во фрижидер една недела. Користете ја преку еден ден за поголем ефект.

Write A Comment