Стресот е секојдневна појава која ги мачи повеќето луѓе. За среќа, психолозите спровеле истражување кое докажало дека некои бои делуваат антистресно. Дознајте кои бои се тие:
Сина
Сината е смирувачка боја која ни помага да го намалиме стресот. Најчесто се користи во спалните соби, бидејќи им помага на луѓето полесно да заспијат.
Виолетова
Виолетовата боја може да ви донесе внатрешен мир и рамнотежа. Само внимавајте да не одберете нијанса која во себе содржи примеси на црна боја, бидејќи ќе делува ладно и одбивно.
Зелена
Зелената боја ја симболизира природата и како таква делува смирувачки. Внесете ја зелената боја во вашиот простор и створете си лична оаза на мирот.
Сива
За оваа боја повеќето луѓе мислат дека е досадна и депресивна. Но, вистината е дека сивата боја делува смирувачки, а бидејќи е неутрална боја, совршено ќе се совпаѓа со останатиот ентериер во собата.
