ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 150g мелени бадеми
* 150g шеќер во прав + 4 до 5 лажици за валкање
* 4 лажици инстант кафе
* 2 белки
* 1 ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Помешајте ги бадемите, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кафето, па со непрестанато мешање додајте ги матените белки додека смесата не стане густа.
Направете топчиња, извалкајте ги во преостанатата изматена белка, а потоа во неколкуте лажици шеќер во прав.
Ставете ги во подмачкан плех со хартија за печење и печете 10тина минути.
По желба украсете ги со стопено чоколадо или сечкани бадеми.
