Мојата кујна

Босанска пита

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Јунешко мелено месо – 600 гр.

* Компири – 500 гр.

* Масло – 3 дл.

* Бибер, сол – 1 лажичка

* Минерална вода – 1 чаша

* 2 јајца

* Брашно тип 500 – 2 кг.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Замесете тесто од брашно, малку масло, сол и вода. Поделете го на топчиња, премачкајте ги со масло и оставете ги да отстојат петнаесетина минути. Изрендајте ги компирите, измешајте ги со меленото месо, додајте во смесата чаша минерална вода, 2 јајца, малку сол и црн бибер.

Развлечете кори и премачкајте ги со масло.

Ставете ја смесата врз корите.

Замотајте ги сите кори, наредете ги во тава и премачкајте ги со зејтин.

Печете четириесетина минути на 250 степени. Испечената пита прелијте ја со вода и масло

Напиши коментар