Motherhood

Бременост на возраст над 50 години

Изгледот на вашето тело, емоционалното битие и ризиците за бебето при бремености на возраст од 50години.

Еве неколку занимливости и статистики кои би можеле да ве заинтересираат!

ПРЕКУ 50 ГОДИНИ

ВАШЕТО ТЕЛО

Просечната возраст за менопауза е 51 година, но опсегот варира од 45 до 55 години. Речиси сите бремености после 50-та година бараат помош: со лекови за плодност, хормонски додатоци или јајца од донатор. Жените што сéуште овулираат, обично треба да замаат прогестерон најмалку во двата први месеци, за да ја одржат бременоста. На жените што престанале да овулираат им се потребни јајца од донатор за да забременат и мораат да земаат естроген и прогестероген во најголемиот дел од бременоста додека плацентата почне сама да ги произведува тие хормони.

На таа возраст постои голем ризик од компликации (висок притисок, проблеми со бубрезите и плацентата), кои бараат стриктно следење и нега.

ВАШЕТО ЕМОЦИОНАЛНО БИТИЕ

Потоа, тука е проблемот со жената кога ќе роди. Постојат педесетгодишни жени што имаат повеќе енергија и живост од дваесетгодишни жени – плус нивната корист од зрелоста и искуството. Но, на жените над 50 им е потребан дополнителна енергија (да не ја спомнуваме издржливоста) за да се будат на секои дава часа со бебето или да трчаат по прооденото дете.

РИЗИЦИ ЗА БЕБЕТО

Статистиките покажуваат дека ако жена зaбремени, ако има добра нега и преднаталните тестови се негативни, поверојатно е дека ќе роди здраво бебе – без оглед на нејзината возраст. Стапката на мртвородени е падната за околу 70% уште од 1960-те. Тоа се добри вести за сите бремени жени.

Напиши коментар