Мојата кујна

Брускети со печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 багет (или било кое друго лепче)

* 700 гр свежи печурки

* 2 чешниња лук

* малку сол, црвен пипер, црн пипер

* свеж босилок

* малку пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Добро измиените печурки ги сечкаме на мали парченца и ги ставаме во тава за пржење. Додаваме маслиново масло и малку лукче, сол, пипер и црвен пипер и динстаме неколку минути.

Багетот го сечеме на кришки со средна дебелина и ги потпекуваме во рерна неколку минути додека не станат крцкави.

Секое лепче потоа од обете страни го триеме со бело лукче и наливаме малку маслиново масло.

На секое лепче ставаме по малку од веќе подготвениот фил со печурки.

Готови брускети со печурки     5.Одозгора наросуваме пармезан и декорираме со парченца свеж босилок.

Write A Comment