ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 – 550g кекси со путер
* 50g капучино прашок
* 2,5dl млеко
* 2 лажици какао
* 3 јајца
* 6 лажици шеќер
* 5dl слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ја слатката павлака и повторно матете за да добиете цврст фил. Потоа додадете две лажици какао и мешајте додека не добиете единечна смеса.
Прелијте го капучино прашокот со врело млеко. Секој од кексите натопете го млекото и редете ги на послужавник за торта. Кога ќе го наредите првиот слој премачкајте го со филот, а потоа повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите сите кекси и филот.
По желба, последниот слој може да биде филот, или пак кексите, кои можете да ги прелиете со топено чоколадо.
