ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 5 јајца
* 1 помала шолја јогурт
* малку сол
* 5 лажици брашно
* ½ лажица прашок за пециво
За фил:
* 150г. крем сирење
* 100г. кисела павлака
* 200г. шунка
* 4-5 кисели краставички
* малку кисела црвена пиперка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата со малку сол, додајте јогурт и брашно помешано со прашок за пециво. Ставете ја смесата во тепсија претходно подмачкана со масло и печете околу 10 минути на температура од 220 степени. Печеното тесто веднаш извадете го од тепсијата на влажна крпа, замотајте го и оставете добро да се излади.
Измешајте крем сирење и кисела павлака и премачкајте го ролатот. Додадете ситно сецкана шунка, распоредете ситно сецкани кисели краставички и малку сецкана кисела црвена пиперка. Замотајте го ролатот и ставете го во фрижидер убаво да се зацврсти, па исечете го на еднакви кришки и сервирајте!