ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 300гр. немасно сирење
* китка магдонос
* млад кромид или праз
* сол
* бибер
* биена сол
* готова сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ситно исецкајте го младиот кромид или празот и магдоносот и измешајте со сирењето. Одберете немасно сирење за да не излезе од ролничките во текот на пржењето. Мрсните сирења брзо се топат на високи температури. Доколку сирењето не е доволно солено додадете прстофат сол во садот.
Додадете лажичка биена сол и малку бибер.
Готовите кори исечете ги на триаголници по големина која вам ви одговара. На пошироките краеви ставете по една лажица од смесата со сирење, затворете ги страните и замотајте ги кон врвовите, како кифлички. Натопете ги малку врвовите за да не се залепат за ролничките.
Пржете ги ролничките на маслиново масло во тава додека не станат златно-жолти.
