Мојата кујна

Брзи крофни со павлака

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 јајца

* 1 кисела павлака

* 16 лажици брашно

* Малку сол

* 1 прашок за печиво

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете го брашното во подлабок сад, а потоа додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го.

Во брашното додадете ја павлаката и изматените јајца, па добро измешајте ( како кога правите кајгана)

Во тавата за пржење налејте масло, во висина околу 1 см. Добро загрејте  го, па намалете на умерена температура.

Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.

Служете ги со сирење или чај.

Write A Comment