Убавина

Брзи маски против акни

Многу е едноставно соочувањето со акните, само треба да пробате да направите некоја од овие маски. Поштедете се од нервозите со лошиот изглед на кожата.

Направете лосион од ѓумбир. Една лажица ѓумбир измешајте во шолја врела вода и процедете. Со овој лосион чистете го лицето навечер пред спиење, така што ќе оставите цела ноќ да делува.

Лимонов сок и цимет во прав. И двете состојки се силни антиоксиданси, па се неизоставен дел од третманите за чистење на акните од вашето лице. Измешајте една лажица лимон сок со една лажица цимет, и смесата нанесете ја на критичните делови со помош на памук. По 15 минути измијте се со ладна вода.

Сусам и мед. Една лажица сусам измешајте со една лажица мед. Направете паста која ќе ја нанесете на лицето и ќе ја оставите да делува 15 минути. На крајот измијте се со млака вода.

Write A Comment