Bridal

Буџетско планирање на вашата свадба

Прием (кај невестата + кај младоженецот): храна, пијалок, изнајмување локација:  одвојте 50% од вкупниот буџет

Матично + Црква + Цвеќиња: 10% од вкупниот буџет

Музика: 10% од вкупниот буџет

Фотографии + Видео: 10% од вкупниот буџет

Подарок за невестата/младоженецот: 10 % од вкупниот буџет

Покани и подароци од невестата за гостите: 10 % од вкупниот буџет

pl

2. НЕКА НЕ ВИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДА СЕ ЗАДОЛЖУВАТЕ ЗА СВАДБА

Доколку немате доволно средства за голема свадба, можете да организирате нешто оригинално со вашите најблиски пријатели.

3. БИДЕТЕ РЕАЛНИ

За да оперирате со прецизни бројки за трошоците околу свадбата, почнете да се распрашувате колку другите ги чинело организацијата. Така, ќе имате предвид колку се троши за што, а што вам ви одговара од креативен и финансиски аспект.

4. ВАШИТЕ ЖЕЛБИ

Доколку од секогаш сте имале замисла да се омажите на конкретно место, се да биде издекорирано од одреден цвеќар, а бендот да биде вашиот омилен со години наназад, пред длабоко да навлезете во фантазијата, обезбедете ги цените за се ова, за да избегнете разочарување доколку не сте во финансиска можност да го имате.

5. НАПРАВЕТЕ СИ ЛИСТА НА ПРИОРИТЕТИ

Направете го преелиминарниот буџет согласно вашите желби и фантазии и доколку бројките не се она што вие сте подготвени да го платите, почнете да ја составувате листата на приоритети. Што ќе ве направи повеќе среќна: музиката, декорацијата или пак храната?

Write A Comment