ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
7 кг ајварска пиперка
1 лажица ексенција 80%
2 лажици шеќер
400 мл масло
Сол, по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испечените и добро излупени пиперки, оставете ги да се исцедат. Потоа ставете ги во садот во кој ќе го пржите ајварот заедно со сокот кој го пуштиле. Додадете ја ексенцијата, шеќерот и половина од маслото. Заедно нека се варат, со постојано мешање и притискање со лажицата. Додека да се испржи пиперката самата ќе се исцепка.
При варењето додадете го остатокот од маслото, посолете по вкус и складирајте во тегли.
