Речиси и да нема припадничка на понежниот која барем еднаш во животот немала проблеми со килограмите.
Во такви случаи прибегнуваме кон ригорозни диети, исцрпувачки вежби и комерцијални препарати за слабеење кои се полни со штетни состојки. Затоа пробајте здрави и ефикасни решенија кои освен во намалувањето на килограмите ќе ви помогнат и за сјајна коса и тен. Почнете да конзумирате чај од ленено семе.
Лененото семе е исклучително богато со минерали, витамини и масни киселини. Таа комбинација помага во подобрување на варењето, контрола на апетитот, а може да помогне дури и во намалувањето на шеќерот во крвта. Во лененото семе се наоѓа и лецитин кој помага во чистењето на дигестивниот тракт и детоксикација на организмот. Природните масни киселини со кои е богато лененото семе му помагаат на телото во борбата против вишокот килорами.
Потребни состојки:
- 1 l. зовриена вода
- 3 лажици ленено семе

Подготовка:
Сварете еден литар вода, па кога ќе почне да врие додадете го лененото семе. Приготвувајте го чајот навечер и оставете да преноќи. Најдобро е да користите термос, но ако немате може да употребите каков било сад со капак. Следното утро процедете го чајот. Треба да добиете густа течност.
Потребно е да конзумирате 150ml чај 3-4 пати на денот и тоа половина час пред секој оброк. Чајот секогаш треба да биде свежо подготвен. Конзумирајте го десет дена без пауза, а потоа направете пауза од 10 дена.
Можете да ја повторувате постапката додека не ги добиете посакуваните резултати.На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина. Важно е освен чајот редновно да пиете и многу вода во текот на целиот третман.
Набргу ќе забележите и позитивни промени на кожата. Таа ќе стане поцврста, поеластична и поздрава.
НАПОМЕНА: Луѓето кои страдаат од проблеми со црниот дроб или камења во бубрезите не смеат да го конзумираат овој чај.
