← НАЗАД НА БОЗА

Чај од семки од лубеница против камења во бубрезите

Чај од семки од лубеница против камења во бубрезите
643 Читања

Американецот Едгар Кајенс, кој се смета за татко на холистичката медицина, го посветил целиот живот на истражување на билните препарати во лековити цели, пред да почине во 1945-та година.
Познато е дека семките од лубеница им ги препорачувал на лицата кои имале бубрежни проблеми и камења во бубрезите.

Чајот од семки од лубеница е многу едноставен за подготовка бидејќи главните состојки ви се на дофат во текот на летните денови. Сè што ви е потребно се семки од лубеница и вода. Чајот не е штетен и може да се пие повеќе пати на ден.

Состојки:

  • 4 лажици семки од лубеница
  • 2 литри вода

Подготовка:

Иситнете ги семките од лубеница (може со помош на млин за кафе). Семките мора да бидат свежи, а не сушени. Во садот ставете вода и додадете ги семките од лубеница. Кога водата ќе зоврие, намалете ја јачината на оганот и варете 10-тина минути. Оставете да се олади и процедете. По желба можете малку да го засладите и да додадете лимон.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk