Убавина

Чаша вода пред јадење за помалку килограми

Заборавете ги скапите производи за слабеење, тајната на симнувањето на килограмите се крие во чаша вода, утврдиле американските научници.
Чаша вода пред оброкот ги топи килограмите. Еве едноставна диета, испијте по 2 чаши вода пред секој оброк и ќе ги стопите калориите многу побрзо од оние кои ги бројат, открија истражувачите.

Додека апчињата за намалување на килограмите ја намалуваат и способноста на телото да апсорбира масти, водата едноставно го полни стомакот. Покрај тоа, нема калории и е лесно достапна.

Американските научници ги споредиле изгубените килограми кај луѓето кои што пиеле по една чаша вода пред секој оброк со луѓе кои што само внимавале на исхраната. За три месеци луѓето кои пиеле вода симнале 7 килограми. Тие изгубиле 2 килограми повеќе од луѓето кои не пиеле вода.

“Луѓето треба да пијат повеќе вода и помалку да консумираат засладени и висококалорични пијалоци. Ова е лесен начин да се регулира телесната тежина“, објавила д-р Бренда Дејви, учесничка во истражувачкиот тим на политехничкиот институт во Вирџинија.
Предходните истражувања покажале дека луѓето кои пијат вода, јадат за 75 до 90 калории помалку на оброк.

 

 

Write A Comment