Motherhood

Четири погрешни реченици на мајките

Никогаш не го оставајте вашето дете само. Суровиот свет веднаш ќе го земе за себе. Бидете дел од неговиот живот колку што можете повеќе. Иако сте самохрана мајка, иако повеќе сте на работа отколку дома, иако има и друг родител, не барајте изговори.

Вашата улога во неговиот живот е незаменлива

Првата грешка што повеќето мајки ја прават е кога велат дека и таткото може да помогне. Секако дека може, но некои работи се одредени само за вас. Не наметнувајте ја својата обврска на сопругот. Најдете време да решите еден проблем за да не мора да решавате цел куп.

Добро, ќе ја намалиш музиката! Имај малку осет, знаеш ли колку ме боли глава!?

Бидете трпелива. Децата знаат колку сте уморни и колку се мачите за нив, но тие сепак се деца и се забораваат. Не мора да кревате врева за ништо. Влезете в соба и културно замолете го детето да ја намали музиката. Викањето создава спротивен ефект. Децата се нервираат, тоа ги повредува и намерно не слушаат.

Не ме интересира каде одиш и со кого, важно да се прибереш дома до 12 часот.

Интересирајте се за нивниот живот. Детето, особено кога е во пубертет, едвај чека тоа да му го кажете. Така му давате слобода да прави што сака. Разговарајте со него, прашајте го како поминало излегувањето. Така ќе му станете пријател на кој може да се довери за што било.

Од кај да ти најдам пари за нови патики.

Не уништувајте ги нивните соништа. Објаснете му дека ќе треба да почека и дека ќе се потрудите да му ја исполните желбата. Во никој случај не уценувајте го дека ќе ги добие патиките ако слуша. Подоцна за секое дело ќе бара награда. Ако на секоја негова желба одговарате со не, немам пари, ќе станете себичниот родител.

Ти никогаш нема да научиш да свириш на гитара.

Поддржувајте ги. Па и да не научи да свири. Додека се пронајдат, децата поминуваат низ неколку фази. Ако не успее со гитарата, ќе успее во фудбалот. Поддржувајте ги кога сакаат да пробаат нешто ново, сепак на крајот сé е добра школа. Децата веруваат во секој ваш збор, а ако им кажете дека не ги бидува навистина ќе поверуваат во тоа

Напиши коментар