Мојата кујна

Чизкејк со нутела

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 300 г Грахам кекси

* 5 лажици мек несолен путер

* 400 г Нутела

* 3/4 шолја сечкани лешници

* 400 г крем сирење

* 1/2 шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Скршете ги грахам кексите (можете да користите и плазма), а потоа додадете го путерот и 1 лажица Нутела. Додадете 3 лажици сечкани лешници и измешајте си состојките во блендер за да добиете песоклива смеса.

Во кружен сад до дијаметар 23 цм, напискајте ја смесата и израмнете со лажица, и ставете во фрижидер.

Изматете го крем сирењето и шеќерот, се додека не добиете единечна смеса, а додавајте ја Нутела полека и продолжете со мешање.

Извадете го садот со тестото од фрижидер и внимателно нанесете го кремот со Нутела. Попрскајте со кршените лешници, а потоа ставете го чизкејкот во фрижидер на неколку часа или да отстои преку ноќ.

Служете го ладен.

Write A Comment