ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 пакување чоколаден бисквит по избор (ние го препорачуваме Орео)
* 6 лажици путер, стопен
* 230 мл кремсир
* 30 г. шеќер
* 2 лажици ладно млеко
* 350 мл. шлаг
* 2 пакетчиња чоколаден пудинг
* 300 мл. ладно млеко
* 100 г. чоколадни мрвици
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Чекор 1:
Дното на плехот премачкајте го со путер. Чоколадните бисквити сомелете ги или едноставно искршете ги на тој начин што ќе ги ставите во кеса и ќе ги исчукате на работната површина. Додадете го стопениот путер, и мешајте додека не се соединат. Префрлете ја смесата во плехот и истискајте ја убаво на дното. Ставете во фрижидер да се стегне.
Чекор 2:
За тоа време, во длабок сад изматете го кремсирот и додадете го млекото и шеќерот. Мешајте додека не се соединат состојките. Изматете половина шлаг и додадете го во смесата. Прелијте го преку кората и вратете во фрижидер уште 10-на минути да се стегне.
Чекор 3:
Пудингот помешајте го со ладно млеко, и матете додека не добиете еднолична смеса. Прелиете преку филот со шлаг, па повторно вратете во фрижидер на ладење. На крајот, премачкајте го остатокот со шлаг, посипете со чоколадни мрвици и послужете го ладно.
