ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 150 грама путер од кикирики
* 1 чоколадо за готвење (или млечно чоколадо)
* 6 лажици шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрвин растопувате нешто помалку од половина од чоколадото, и додека е во течна состојба го распоредувате во долниот дел од калапите за колачиња.
Додека малку се зацврсти чоколадото, во блендер ставете го путерот од кикирики, и додадете го шеќерот во прав. Промешајте неколку пати додека да се соедини.
Смесата од блендерот извадете ја на тава и од неа формирајте неколку помали топчиња кои подоцна ќе ги сплескате. Добиените форми распределете ги во калапите врз првиот дел од чоколадото.
Растопете го и остатокот од чоколадото, и прелијте го во калапите врз путерот од кикирики.
Оставете ги неколку часа во фрижидер да се зацврстат.
Совет:
Доколку сте љубител на цимет, можете во путерот од кикирики да го додадете и овој зачин кој ќе даде дополнителен шмек на и онака превкусните колачиња.
