Здраво тело

Чудната моќ на јаболковиот оцет

Јаболковиот оцет има чудна моќ за лечење на поедини тегоби, па би требало да го вметнеме во нашата секојдневна исхрана.

За слабеење

Јапонските научници неоддамна ја завршија својата студија и открија дека јаболковиот оцет ги намалува за 10% мастите кои ги внесуваме со исхраната. На пример кога јадеме масно месо во комбинација со салата со јаболков оцет, мастите кои ќе останат во нас ќе бидат многу помали за разлика ако не го внесеме јаболковиот оцет. Се препорачува да се користи како додаток на салата кога сте на диета.

Го намалува нивото на шеќер во крвта

Кога ќе се препуштите на слатката храна и храната богата со јаглени хидрати како што се тестенините, компирот, оризот потрудете се да внесете јаболков оцет. Со консумирање на една и пол лажица може да го намали нивото на шеќр во крвта за 42%.

Ги намалува стомачните проблеми

Ставете малку јаболков оцет во вода. Ако е бактерсика инфекција проблемот ќе биде веднаш решен. Може да ви помогне и при грчеви.

Може да ви го споре икањето. Една мала лажичка и икањето ќе прекине.

Непријатни болки во нозете

Во една чаша вода растворете 2 лажици јаболков оцет и малку мед. Ова ќе ја смири болката и ќе ве опушти.

Затнат нос

За да ви се одзатне носот испијте една чаша вода во која ставивте една лажица јаболков оцет.

За болки во грлото

Направете раствор од ¼ шолја вода и ¼ шолја јаболков оцет. Со него правете гаргара на секој час. Бактериите ќе бидат уништени.

Write A Comment